Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Народна банка на Северна Македонија Ве информира дека следејќи ги трендовите коишто произлегуваат од иницијативите на финансиските регулатори во Европската Унија, насочени кон остварување поблиска соработка помеѓу регулаторите, постоечките финансиски институции и финтек-секторот, кон крајот на минатата година, Народна банка отвори платформа за комуникација со финтек-секторот, т.н. Порта за иновации.
Портата за иновации претставува комуникациски канал / платформа за комуникација помеѓу иновативната бизнис-заедница (финтек-секторот), Народната банка и други релевантни институции, поради развивање доверба и дијалог помеѓу сите вклучени страни.
Основна цел на Портата за иновации при Народната банка е да го олесни, да го поттикне и да го помогне развојот на иновации во областа на финансиските услуги и производи кај секоја компанија што сака да започне иновативна бизнис-активност.
Народната банка настојува преку оваа платформа да им овозможи на финтек-компаниите да соработуваат со неа како финансиски регулатор надвор од постојната формална регулаторна рамка.
Преку давање на правно необврзувачки насоки и објаснување на постојните регулаторни барања преку оваа комуникациска платформа, Народната банка е подготвена да ја разгледа потребата за евентуална промена на регулативата и за намалување на регулаторните ограничувања за влез на нови иновативни бизнис-решенија / проекти, без да се наруши интегритетот на финансискиот сектор и без преземање активности насочени кон прекумерно преземање ризици. Повеќе информации за Портата за иновации се достапни на веб страната: http://nbrm.mk/porta-za-inovacii.nspx, а прашања и предлози за истата можат да се упатуваат на контакт е-маилот: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..