Министерството за економија објавува Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост ковид 19 периодот, согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост ковид -19 (Службен весник бр.153/20).
Во повикот се предвидува финансиска поддршка од 20 милиони евра за сите деловни субјекти од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот кои во текот на 2020 година ќе реализираат инвестиција.

За оваа мерка може да аплицираат компании кои што:

  • во текот на 2020 година имаат во реализација инвестициски проект
  • работат во производствени сектори кои се дефинирани како производство, освен оние кои се исклучени од оваа можност согласно Законот за контрола на државна помош
  • деловни субјекти што вршат дејност трговија, доколку инвестираат во основни средства
  • вршат дејности од областа на информациско-комуникациски услуги, доколку инвестицијата опфаќа воспоставување на нова организациона единица за технолошки развој, истражување и/или развој на ново софтверско или хардверско решение.

Висината на финансиската поддршка изнесува 25% од реализираната инвестиција според инвестицискиот план кој што ќе го достави апликантот но не но не повеќе од:

  • 40.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година не повисок од 1.000.000 евра
  • 100.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 1.000.001 еврадо 10.000.000 евра
  • 140.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 10.000.001 евра до 50.000.000 евра
  • 200.000 евра за компании кои оствариле приход во 2019 година повеќе од 50.000.000 евра.

Сите детали за јавниот повик како и потребната документација и начинот на аплицирање може да се најдат на следниот линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.