Министерството за економија објавува Јавен повик за субвенции за кофинансирање на настани, обуки, семинари и конференции за 2020 година. Право на учество имаат сите заинтересирани правни лица, фондации и здруженија на граѓани.

Средствата добиени на повикот ќе се користат за изнајмување на простор за одржување на настани обуки, семинари и конференции во категоризирани угостителски објекти во РСМ.

Настаните треба да се организираат надвор од туристичките центри во РСМ (Охрид, Струга, Дојран, Маврово, Попова Шапка).

Износот на средства што може да се одобри е во висина од 50 отсто од докажаните трошоци но не повеќе од 30.000 денари поединечно по поднесено барање.

Еден субјект може да поднесе најмногу три барања за кофинансирање.

Јавниот повик е отворен до 31.07.2020 година, а барањата ќе се разгледуваат по принципот „Прв дојде-прв услужен“.

Повеќе информации за начинот на аплицирање и потребните документи за пријавување може да најдете на следниот линк. http://www.economy.gov.mk/doc/2824