Информација за финансиска поддршка на работодавци за исплата на плати за јуни

Информација за финансиска поддршка на работодавци за исплата на плати за јуни

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, а поврзани со мерките за намалување на економските последици од актуелната криза, Сојузот на стопански комори на Македонија, Вe известува дека е објавена Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година (Службен весник бр.154/20)

Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

  • Во измените на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од ковид-19, заради исплата на платите во висина од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година, се создава можност ова право да се оствари и за месец јуни 2020 година.
  • Работодавачот кој користел финансиска поддршка за три месеци, бројот на вработени не смее да го намалува заклучно со месец август 2020 година.
  • Барање за финансиска поддршка на работодавач заради исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година е даден во прилог и е составен дел на оваа уредба со законска сила.

Уредбата во целост може да се погледне на следниот линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.