Информација за поднесување Барање за ослободување од плаќање на месечна аконтација за данок на добивка и Уредба за за измена и дополнување на уредбата на Законот за трговски друштва

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира дека Управата за јавни приходи ја објави процедурата за поднесување Барање за ослободување од плаќање на месечна  аконтација на данок на добивка, согласно Уредбата со законска сила за измени на Законот на добивка (Службен весник на РСМ, бр.79 од 26.03.2020 година), а исто така стапи на сила Уредбата за измена и дополнување на уредбата на Законот за трговски друштва (Службен весник на РСМ, бр. 87 од 02.04.2020 година)

Во прилог пренесуваме кракот преглед на истите:

Уредбата со законска сила за примена на Законот за данок на добивка во време на вонредна состојба:

  • Даночните обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот (COVID 19), имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.
  • Даночните обврзници правото на ослободување, можат да го остварат со поднесување на Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка (образец ДД-ОМА) кое е достапно за електронска достава преку системот e-Даноци.

Повеќе информации за условите кои треба да се исполнат за да се оствари ова право и начинот на аплицирање може да се најдат на овој линк.
 
Уредба со законска сила за изменување и дополнување на уредба со законска сила за примена на Законот на трговски друштва

  • Се укинува забраната за одржување на акционерско собрание и собрание на содружници за време на траењето на вонредната состојба
  • Се воведува забрана за исплата на дивиденда на акционери од странство за време на траењето на вонредната состојба

Уредбата во целина може да се погледне на овој линк.
 
Уредба со законска сила за примена на Законот за минимална плата за време на вонредна состојба

  • Висината на минималната нето плата за месец април, мај и јуни 2020 година, изнесува 14.500 денари.

Уредбата во целина може да се погледне на овој линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here