Во насока на проширување на услугите кои ги нудиме, а особено поддршка на Вашиот бизнис, од септември 2019 година, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) издава Сертификат за потекло по електронски пат.

Имено, како членови на ССК имате уникатна можност за полесно, поефикасно и побрзо добивање на сертификатите за потекло за своите производи без физички да аплицирате, како и по електронски пат да ги добиете сертификатите, на сигурен и веродостоен начин преку посебен софтвер во рамки на кој стручните служби го спроведуваат овој процес.

Врз основа на наведеното, доколку имате потреба за издавање на електронски сертификат за потекло потребно е да не контактирате, по што ќе Ви укажеме која документација е потребна да ни ја доставите преку е-маил комуникација и веднаш потоа да Ви го издадеме сертификатот.

За дополнителни информации Ви стоиме на располагање на е-маил: info@chamber.mk или на телефон: 023091440.