Остварена работна средба со претставници од Амбасадата на САД во Северна Македонија

0
189

Позиционирање на стратешките цели и приоритети на членовите на Сојузот на стопански комори и утврдување на насоките за зајакнување на соработката помеѓу Сојузот и Амбасадата на САД во Северна Македонија беа темите кои беа во фокусот на остварената средба водена од претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г. Трајан Ангелоски, со претставници од американската амбасада на чело со г. Џерек Бас, политички советник.

Од двете страни беше истакнато задоволството од зајакнувањето на стратешкото партнерство кое нашата земја го има со Соединетите Американски Држави а кое се пренесува и на полето на економските односи.