
ССКМ ја одржа и четвртата обука за обучувачи во рамките на RECONOMY проектот
На 26 август 2026 година (среда), во просториите на Сојузот на стопанските комори (ССКМ), се одржа четвртата обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT) во рамките на RECONOMY проектот, кој ССКМ го спроведува во партнерство со Helvetas Swiss Intercooperation.
Чeтвртата ToT сесија претставуваше продолжение на претходната обука, со цел надградување на стекнатите знаења и понатамошно развивање на практичните вештини на учесниците. Фокусот беше ставен на продлабочување на обработените теми, практична примена на знаењата и зајакнување на капацитетите на идните обучувачи.

Преку интерактивни сесии, практични вежби, примери и размена на искуства, учесниците имаа можност да ги унапредат своите компетенции и дополнително да се подготват за успешно пренесување на знаењето во рамките на идните обуки и проектни активности.
Прoдолжувањето на ToT процесот претставува важен чекор во континуираното градење на капацитетите и создавањето одржлива мрежа на обучувачи, кои ќе имаат значајна улога во спроведувањето на активностите и остварувањето на целите на RECONOMY проектот.
