Сојузот на стопански комори гради долгорочни капацитети за бизнис-заедницата!

Сојузот на стопански комори гради долгорочни капацитети за бизнис-заедницата!

 По пет комплетирани модули, успешно е завршена Train of Trainers Programme од HELVETAS – RECONOMY проектот.
 Горди сме што ги добивме првите шест сертифицирани обучувачи во рамките на нашата асоцијација.
 „Преку Train of Trainers Programme, знаењето не завршува со една обука – се создаваат обучувачи кои понатаму ќе го пренесуваат стекнатото знаење и ќе придонесуваат за развој на нови вештини и поголема конкурентност на компаниите. Тоа многу добро се вклопува со позиционирањето на ССКМ со фокус на развој на човечкиот капитал, подобрувањето на вештините, конкурентностс на компаниите и поврзувањето на потребите на бизнисот со достапните знаења и обуки.“, изјави во оваа прилика Претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски.

 

RECONOMY (Revitalize, Reconnect, Reshape) е регионална програма за инклузивен и зелен економски развој, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка – Sida, а имплементирана од HELVETAS. Во актуелната фаза 2023–2026 програмата ги опфаќа земјите од Западен Балкан и Источното партнерство, меѓу кои и нашата држава.
Главната цел е жените и младите, особено оние со помал пристап до економски можности, да стекнат релевантни вештини, да дојдат до пристојни и „зелени“ работни места и да ги зголемат своите приходи. Програмата не се фокусира само на индивидуални обуки, туку на градење капацитети кај организации, компании, институции и даватели на обуки, за промените да продолжат и по завршувањето на проектот.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.