ССКМ е водечки партнер на нов Еразмус+ проект
ССКМ е водечки партнер на нов Еразмус+ проект
Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) продолжува успешно да го зацврстува своето присуство во европските програми и да создава нови можности за развој на македонските компании.
Со особено задоволство објавуваме дека ССКМ е избран за водечки партнер (Lead Partner) на Еразмус+ KA220 проектот „Next Gen SMEs“, со одобрен грант во вредност од 250.000 евра.
Доверената улога на водечки партнер претставува значајно признание за институционалниот капацитет, стручноста и посветеностa на ССКМ во подготовката и реализацијата на меѓународни проекти. Преку овој проект, заедно со европските партнери, ќе работиме на развој на иновативни решенија и нови можности за поддршка на малите и средни претпријатија, со фокус на нивната конкурентност, дигитална трансформација и одржлив развој.
Овој успех е резултат на посветената работа, професионалноста и тимскиот дух во ССКМ.
Продолжуваме посветено да работиме на проекти што носат знаење, партнерства и нови можности за македонската економија.
