Chamber

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

Претставници од раководството на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), како и претставници на транспортните компании, беа дел од високата делегација на Царинската управа во Загреб, Република Хрватска, кои учествуваа на средба посветена на можностите за побрз транспорт на стока кон Европската Унија преку Република Хрватска, преку примена на електронски товарни листови. Учеството претставуваше значајна можност за непосредна комуникација и размена на ставови со претставниците на бизнис-заедницата, како и за унапредување на институционалната соработка.

„Присуството на високата делегација на Царинската управа ја потврдува важноста на партнерскиот однос меѓу институциите и приватниот сектор. Дигитализацијата и примената на електронските товарни листови придонесуваат за поедноставни и поефикасни постапки, побрз проток на стоки и олеснување на трговијата со Европската Унија, создавајќи подобри услови за македонските компании и натамошен развој на економијата“, истакна Претседателот на Управниот одбор на ССКМ, г-дин. Драган Пехчевски.

ССКМ останува посветен и доверлив партнер на бизнис-заедницата и институциите, активно застапувајќи ги интересите на компаниите и придонесувајќи кон креирање практични решенија за предизвиците со кои се соочува стопанството. Преку континуиран дијалог и заеднички иницијативи, ССКМ ќе продолжи да поддржува процеси што придонесуваат за дигитализација, олеснување на трговијата и подобрување на конкурентноста на македонските транспортни компании.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.