Chamber

Иновации и обука за одржлива сината економија

Иновации и обука за одржлива сината економија

На 10.11.2025 година во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), во рамките на проектот ИННОФЕИТ ЕДИХ, се направи презентазија на проектот IPA ADRION – Growth4Blue, преку специјализиран настан посветен на промоција на иновации и одржливи практики во сината економија, сектор кој нуди нови можности за економски раст, иновации и создавање одржливи работни места, со фокус на заштита на природните ресурси, што е и причината зошто токму Охрид, со своето богато слатководно наследство и развиен туризам, беше избран за домаќин на овој настан.

Целта на настанот беше запознавање со проектот IPA ADRION – Growth4Blue, да се разменат мислења на тема “Сина Економија”, да се идентификуваат можностите во секторот и да се претстави работата на Регионалната мрежа за сина економија, како и дигиталните алатки за вработување во рамките на проектот.

Преку интерактивни презентации, практични примери и дискусии, учесниците се запознаа со можностите за интеграција на нови технологии и одржливи практики, како и развој на вештини потребни за идните работни места во сината економија. Настанот овозможи размена на искуства и воспоставување партнерства меѓу експерти, претставници на бизнис секторот и јавните институции.

Особено беше споделено знаење и иновативни примери од саемот Ecomondo во Италија, каде преставници на ССКМ се запознаа со најновите решенија за одржливо управување со водните ресурси, технологии за туризмот и еко-иновации преку платформата BlueMissionMed во Римини.

Со вакви активности, ССКМ активно придонесува кон развојот на иновации во сината економија, градење стручен кадар способен да ги применува најновите технологии и практики за одржливо користење на ресурсите, како и унапредување на конкурентноста и одржливото вработување во Северна Македонија.

         

 

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.