Сојузот на Стопански Комори – учесник на Тркалезна Маса на тема „Улогата на Пазарот и Државата во Управувањето со Ограничените Ресурси – Случајот на Македонија„

На ден 26.03.2026г, во организација на Економскиот Факултет Скопје, Македонската Академија на Науките и Уметностите и Сојузот на Економисти на Македонија, се одржа Тркалезна Маса на тема „Улогата на Пазарот и Државата во Управувањето со Ограничените Ресурси – Случајот на Македонија„ на која беа присутни високи претставници на Академскиот, Финансискиот и Приватниот Сектор.
Сојузот на Стопански Комори го претставуваше Драган Пехчевски,Претседател на УО кој имаше забележително излагање и дискусија на три теми: Пристапот до финансии на МСП во услови на растечка глобална нестабилност, Профитабилноста на МСП во услови на зголемување на цените на дизел горивото, и улогата на Човечките Ресури и задржување на човечкиот потенцијал во РСМ преку формирање на ВЕТ и КОВЕ центри.
