Втора работна средба за измените на Правилникот за униформи и заштитна опрема
Сојузот на стопански комори ги информира своите членки дека на 12.02.2026 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во Касарната „Гоце Делчев“ – Скопје (Воена академија, Амфитеатар) ќе се одржи втора работна средба за размена на мислења и предлози во однос на измените на Правилникот за:
Средбата е во организација на Дирекцијата за заштита и спасување, предводена од директорот Стојанче Ангелов.
Ги повикуваме компаниите од секторот безбедност, заштита и спасување активно да се вклучат со свои предлози и стручни мислења, со цел креирање квалитетни и применливи решенија.
