Веб платформа за занимања

Почитувани членови,

Би сакале да Ве информираме дека Министерството за труд и социјална политика со поддршка од Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја изработи специјализираната веб-платформа за прегледот на работните места, со најважните информации за одредени занимања. Платформата е креирана во рамки на Проектот “Решенија за вработување на младите преку социјален дијалог на локално ниво” кој е поддржан од Меѓународната организација на трудот и се реализира  во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Оваа платформа ја води Mинистерството за труд и социјална политика и истата континуирано се ажурира со објави на нови занимања.

Ве покануваме да ја разгледате платформата на веб страницата www.zanimanja.mk, и доколку имате одредени предлози за унапредување на содржината на занимањата, како и предлози за воведување на нови занимања, Ве молиме да не информирате на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со цел да ги проследиме до Министерството за труд и социјална политика.

Во рамки на платформата, објавени се занимања од различни сектори, кои имаат за цел да ги претстават профилите на стручните професии, нивните работни задачи, потребно образование, работна средба, слободни работни места на пазарот на трудот итн.

Сојуз на стопански комори на Македонија како претставник на бизнис заедницата учествува во работната група која ги разгледува и утврдува занимањата.