Иновациите и претприемништвото во земјоделството фактори за развој

Воведувањето иноваци во земјоделеството е неопходно поради фактот што 30 проценти од вкупниот извоз на Македонија се земјоделски производи, а 12 проценти е придонесот на оваа гранка во Бруто домашниот производ.

Ова беше истакнато на денешната панел дискусија на тема „Креирање платформа за калитетен еко систем за развој на иновациите и претприемништвото во земјоделството во Македонија“ што ја организираше Регионалниот бизнис центар во Струмица а на која присуствуваа високи претставници на институции, професори, стопанственици.

Потпретседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Габриела Кулебанова во своето обраќање истакна дека за да се оствари економскиот раст во земјата, важно е да се развива токму  конкурентноста на приватниот сектор преку знаење и иновации како клучна појдовна точка.

Нашиот најголем предизвик е трансформација на земјата во економија заснована на знаења способна да биде конкурентна на меѓународните пазари преку нејзината обучена работна сила и иновативни компании. Поддршката на малите и средните претпријатија во ЕУ е над 20 отсто и тоа до шестата година од почнувањето бизнис. Во некои земји, дури и банките при финансирањето им даваат средства на претприемачите врз основа на добрите идеи и ги водат во процесот на финансиското работење. Македонија има природни услови за развој на земјоделството кое е важен фактор за економскиот раст на една земја. Во Сојузот на стопански комори на Македонија, членуваат агро-бизнис компании од различна дејност здружени во Агро – бизнис комората.   За подобар развој на модерни технологии за агро секторот потребно е добро познавање на моменталната состојба во земјоделскиот сектор, и тоа како и на локално,така и на глобално ниво. Побарувачката за храна континуирано расте, пред се поради растот на глобалната популација, а истовремено се менуваат и навиките на потрошувачите“ посочи Кулебанова во своето обраќање и истакна дека за да стигнеме до таа поголема конкурентност,  потребна е голема заложба, менување на старите навики, решавање на  проблемот со расцепканите земјоделски површини, реконструкција и изградба на системите за наводнување, зголемување на обработкатата на плодните површни и сл. Токму затоа само со здружено делување на сите релевантни чинители во областа, поддршка и информација за достапните европски фондови и нивно искористување можеме да очекуваме некаков резултат. Позитивните примери во земјоделството, брзо ги следат и останатите, а Сојузот е тука да ги поддржи и промовира деловните успеси, додаде таа.

Според директорката на Центарот, Ксенија Вангелова, во креирањето и поттикнувањето на новитети во земјоделството се вклучени компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, академскиот сектор, претставници од Фондот за иновации, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и претставници на локалните самоуправи од регионот.