Туристичко – угостителската комора (ТУК), Здружението ХОТАМ и Националната Асоцијација за дојдовен туризам (НАИТАМ) потпишаа Меморандум за соработка за заедничко делување во насока на подобрување на состојбата со секторот туризам и угостителство со цел понуда на квалитетни решенија кои треба да придонесат за развој на оваа важна стопанска гранка.
Претседателот на ТУК, Владимир Граматиков заедно со претседателот на НАИТАМ, Влатко Сулев и Асим Меџедовиќ, кординатор за агенции на ХОТАМ на средбата со министерот за економија г. Крешник Бектеши, дискутираа за можностите за подобрување на деловната климата на компаниите во секторот.