Одлуката да се оди на предвремени избори падна по недобивањето датум за преговори за членство во ЕУ на самитот во Брисел. Ваквиот развој делува фрустрирачки и за бизнис заедницата која полагаше силни надежи во овој процес. Сега, без датум и пред нови избори, стравуваат од враќање на старите предизвици:
„Вратата на Европската Унија за најавуваното проширување засега останува затворена, што значи враќање на старите предизвици. Почеток на преговорите ќе значеше сигурност за започнување на имплементација на структурните реформи за обезбедување владеење на правото и справување со корупцијата, кои се важни за овозможување заштита на инвестициите и мотив за нови проекти. Дали брзи избори се помалото зло за економијата во актуелнава состојба откако е извесно дека нема да отпочнат преговорите за влез во ЕУ, не може никој со сигурност да потврди, имајќи предвид дека следната година секако е изборна година. Во континуитет сме во изборни циклуси, а по најавата на владата за предвремени парламентарни избори поради неодамнешните случувања, приватниот сектор повторно ќе влезе во циклус на неизвесност и политички турбуленции, што ќе значи одложување на инвестициски активности и забавување на економијата“, реагира Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори.
Целата вест можете да ја прочитате на следниот линк.