ССК на средба во Влада со Стопанската комора на Тирана

Потпретседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Габриела Кулебанова, присуствуваше на  средбата на премиерот и економскиот тим на Владата на РС Македонија, со повеќе од 40 бизнисмени од Албанија. 

На состанокот се дискутираше за ееализирање на заедничката идеја со претседателот на Стопанската комора на Тирана, г. Николин Јака за зголемување на соработката на бизнис основа меѓу двете држави.  Делегацијата на стопанственици покажа интерес за вложување во нашата земја и не го криеја задоволството од можноста и условите кои се нудат, поддржани директно од премиерот Заев.
Соработката ќе продолжи со реализирање на конкретни предлози и идеи, а во план е да се вклучи и Косово, се со цел заеднички регионален економски развој.

Средбата беше организаирана со поддршка на г. Фатос Мустафа, промотор на Република Северна Македонија во регионот кој веќе има реализирано албански инвестиции кај нас.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here