На 13.02.2019 година Во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), се одржа седница на Градежната комора на Македонија која ја водеше претседателот Ивица Јаќимовски.

На состанокот се дискутираше за плановите и активностите на Градежната комора на Македонија во 2019 година.

По усвојување на записникот од претходната седница, присутните компании дискутираа по однос на точките на дневен ред.

Градежната комора на Македонија активно работи на создавање подобра бизнис клима за компаниите од градежниот сектор, соработка со институциите особено во поглед на прилагодување на законската регулатива,  зајакнување на членството во комората и предлагање конструктивни мерки во насока на задржување на стабилноста и просперитетот на градежништвото во Република Македонија.