Реализирана обука за Агенда 2030 и Целите за одржлив развој

0
296

Во соработка со канцеларијата на постојаната мисија на Обединетите нации во Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија денес одржа обука за улогата на приватниот сектор во Агендата 2030 која се однесува на Целите за одржлив развој, а која е универзален документ усвоен во септември 2015 на Самитот на обидинетите нации за одржлив развој, а чиј потписник е и Македонија.

Во воведниот дел се обратија г-ѓа Росана Дуџак, Постојан координатор на мисијата на Обидинетите нации во Македонија и г-ѓа Јасминка Талеска, претседател на Македонско- Швајцарскиот бизнис клуб. Фокусот на обуката беше да се презентираат предностите за компаниите од воведувањето на практики за добро еколошко, општествено и коорпоративно управување во своето работење, како и можностите за нивно поголемо насочување кон одржливоста.

Седумнаесетте Цели за одржлив развој претставуваат глобална рамка за креирање политики кои водат кон искористување на сите форми на сиромаштија, нееднаквост, зачувување на животната средина, обезбедување на просперитет и мир. Целите за одржлив развој треба да бидат постигнати до 2030 година и треба да бидат имплементирани од страна на сите земји- членки на Обидинетите нации.

Обуката беше реализирана во соработка со Македонско- Швајцарскиот бизнис клуб кој делува во рамките на Сојузот на стопански комори.