Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија г. Трајан Ангелоски присуствуваше на Третата седница на Националниот совет за евроинтеграции посветена на Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година.
На седницата беше направен компаративен преглед на Извештаите на Европската комисија за остварениот напредок на Република Северна Македонија по поглавја за периодот 2009-2021 година.
Националниот совет за евроинтеграции има за цел да ги засили активностите и одговорностите на сите надлежни државни органи и институции во обезбедувањето на заедничка согласност и дејствување во пристапниот процес на Македонија кон ЕУ.