Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Северна Македонија во Сараево Ве поканува на 18-тиот Меѓународен саем на туризам и екологија “Лист 2021“ кој ќе се одржи во Лукавац-Тузла од 16 до 18 септември 2021 година.
Амбасадата, во рамките на активностите во областа на економската дипломатија, во
соработка со управата на Саемот, општинските власти на Лукавац, како и градот и
Кантонот Тузла, обезбеди бесплатен изложбен простор за претставници од РС
Македонија, доколку се пројави интерес.
Воедно, иницирана е идеја РС Македонија да биде земја-партнер на овогодишниот саем, што дополнително би придонело во економската соработка помеѓу двете земји, посебно во областа на туризмот. Истото подразбира и присутво на официјални претставници, покрај компании од РС Македонија.
Општината и градот Лукавац, во непосредна близина на Тузла, претставува значаен
индустриски центар и седиште на поголем број големи компании од Кантонот Тузла.
Сите дополнителни информации можете да ги добиете на тел. +387 35 574 700, +387 63 391 827 или на маил [email protected]
Доколку сте заинтересирани за учество, како и за дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091440 или на е-маил: [email protected].