Покана за Седница на Собрание на ССК (бр. 1/2021)

0
208

До: Членови на Собрание на Сојуз на стопански комори на Македонија

Предмет: Покана за Седница на Собрание на ССК (бр. 1/2021)

 

Почитувани членови,

Би сакале да Ве информираме дека согласно член 4.2.6 и 4.2.7 од Договорот за основање на Сојуз на стопански комори на Македонија, Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска, свикува седница на Собрание на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Ве известуваме дека седницата ќе се одржи на 22.11.2021 година (понеделник), со почеток во 13:00 часот, во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија со следниот предлог:

Дневен ред 

  1. Усвојување на Записник од претходна седница
  2. Потврдување на органи и акти за работа
  3. Разно

Ве молиме Вашето присуство да го најавите најдоцна до 22.11.2021 година, до 10:00 часот, на тел: 02 30 91 440 или на е-маил: [email protected].

За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на тел: 02 30 91 440 или на е-маил: [email protected], контакт лице: Маја Савеска.

Со почит,

Сојуз на стопански комори на Македонија