Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), г-ѓа Данела Арсовска, одржа средба со раководството на Комората на медијатори во РМ, претседателот г. Славе Младеновски, како и г-ѓа Роза Алексова и г. Дејан Белевски.
На средбата се дискутираше за важноста на медијацијата за брзо и економично решавање на потенцијалните спорови како и за можностите за зајакнување на соработката меѓу двете организации.
На состанокот беа прецизирани идни чекори за воспоставување успешна соработка на двете организации.