Остварена работна средба со Конзулот на Република Чешка

0
285
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија г.Трајан Ангелоски оствари работна средба со Конзулот на Република Чешка г. David Cernohorsky на која се разговараше за интензивирање на соработката.
Економските потенцијали беа идентификувани во секторите во кои претпријатијата имаат капацитет за зголемување на трговската размена, како и поголема промоција за остварување на трговски партнерства.
Организирање на Економски форум со Чешки претпријатија и развој на соработката со Чешката стопанска комора беа во фокусот на дискусијата.
Надворешно трговската размена помеѓу Македонија и Чешка бележи пораст односно во 2020 година изнесувала 7.858.627 ден, а во 2021 година 10.986.795 ден.