Одржана обука за новите преференцијални правила за потекло на стока со Царинската Управа

0
302

Продолжува успешната соработка на Сојузот на стопански комори со Царинската
управа на Северна Македонија. Денес Сојузот и Царинската Управа одржаа обука за новите преференцијални правила за потекло и
нивната примена наменета за членовите на ССК.
Со стапување на сила на Одлуката за предвремена примена на изменувањето на
Протоколот 4 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација склучена помеѓу
нашата земја и Европските заедници и нивните земји членки, стапија на сила
и нови правила кои се однесуваат на дефинирањето на поимот “производи со
потекло”, како и на начините на административна соработка.

Претставниците на Царинската управа, г-а Лидија Лекоска, началник на
одделението за царинска тарифа, вредност и потекло, г-а Ирина Нелковска,
шеф на служба за потекло и г-н Златко Ветеровски, помошник директор на
сектор за царински систем детално ги презентираа правилата кои во трговијата со земјите членки на ЕУ се применуваат заедно со
постоечките правила на ПЕМ конвенцијата, додека трае постапката за
усвојување на ревидираната ПЕМ конценција.

Соработката помеѓу Сојузот на стопански комори и Царинската управа ќе
продолжи и во иднина со организирање на тематски обуки и за други актуелни теми.