Одржана седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог со која копретседава Сојузот на стопански комори, претставуван од претседателот г. Трајан Ангелоски и потпретседателот г-а Габриела Кулабанова. На седницата како претставници на другите стопански коморите присуствуваа г. Неби Хоџа претседател на Стопанска комора на Северозападна Македонија, г-а Анета Антова Пешева претседател на МАСИТ и претставникот на Стопанска комора на Северна Македонија, г. Зоран Јовановски, како и Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, г. Фатмир Битиќи, заменикот министер за информатичко општество и администрација, г. Александар Бајдевски, државната секретарка во министерството за економија г-а Размена Чекиќ Дуровиќ, директорот на Бирото за јавни набавки, г. Борче Хаџиев, советникот на претседателот на Владата, г. Милан Живковиќ.
Во фокусот на дискусијата беше енергетска криза која е сериозен предизвик за претпријатијата бидејќи ја нарушува нивната стабилност и конкурентност. Сметаме дека последиците кои ги чувствуваат претпријатијата од економската криза се силно изразени, и дека за тоа е неопходно Владата да преземе брзи и ефективни мерки за да обезбеди итна поддршка за домаќинствата и претпријатијата. На седницата беа доставени и конкретни предлог-мерки.
Дискусија се водеше и на повеќе актуелни теми поврзани со економијата, како што се законските измени во однос на „недела неработен ден“ и за статусот на подготовка на новиот системски Закон за работни односи, процесот на намалување на бројот и износот за парафискалните давачки, дигитализација во администрацијата.