Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството , а поврзани со актуелната состојба за справување со ширењето на Ковид-19, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве известува за настанати промени на образецот на Дозволата за движење во посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија усвоен на седница на Влада бр.45 од 22.04.2020 година, како и информација за донесени уредби со законска сила за Законот за трговија и за Законот за банки.

Во продолжение пренесуваме краток преглед на истите:

Нов образец за Дозвола за движење

Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена. За валидност на дозволата, производствените капацитети и другите компанииво времетраење на полицискиот час, потребно е образецот да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице. Дозволата за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа може да биде издадена за повеќе работни денови.
 
Правните лица имаат и законската обврска за пријава на сменска и ноќна работа  до Државен инспекторат за труд.
 
Новиот образец  може да се презема на следниот линк.
 
Подетални информации за другите уредби со законска сила кои ги донесе Владата на вчерашната седница меѓу кои и оние кои се однесува на Законот за трговија како и на Законот за банки може да најдете во соопштението на Владата (на следниот линк), како и во Службен весник бр.107/20 (на следниот линк).

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.