Јавен повик за директно кредитирање на микро, мали и средни претпријатија

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, а поврзани со актуелната состојба за справување со ширењето на Ковид-19, Сојузот на стопански комори на Македонија Вe известуваме дека Развојната банка објавен Јавниот повик за поднесување на апликации за директно кредитирање на микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Северна Македонија од Компензационите фондови од странска помош (Ковид 2) .

Во продолжение даваме краток преглед на повикот:

Предмет на овој јавен повик е поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства од Компензационите фондови од странска помош  за директна поддршка на микро, мали и средни претпријатија од сите дејности, со намена за обртни средства.

Вкупниот износ на расположиви средства за овој јавен повик изнесува 492.000.000,00 денари.

Апликациите за кредит по јавниот повик се доставуваат во рок од 15 дена сметано од 29.04.2020 година (среда) од 00:01 часот.

Износот на кредит којшто се одобрува во зависност од бројот на вработени. Максимален износ на кредит кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 5.535.000 денари, а минималниот износ на кредитот не може да биде под 184.500 денари.

Рокови на отплата е до  3 (три) години со вклучен грејс период до 12 (дванаесет) месеци.

Критериумите за одобрување на кредит по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Условите кои треба да се исполнат за добивање на кредит, потребните документи како и сите други информации поврзани со овој јавен повик може да се погледнат на овој линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.