Chamber

Повикот за номинации за _„Жени претприемачи на годината 2026 во Западен Балкан“

Повикот за номинации за _„Жени претприемачи на годината 2026 во Западен Балкан“

Почитувани членки и членови,

 

Со задоволство ве информираме дека е отворен Повикот за номинации за “Жени претприемачи на годината 2026 во Западен Балкан“, иницијатива на Regional Cooperation Council која има за цел да ги препознае и истакне најуспешните жени претприемачи во регионот, како и да придонесе кон унапредување на женското претприемништво и економската еднаквост.

Особено сме горди што континуирано имаме силно претставување од Северна Македонија меѓу добитничките на ова престижно регионално признание, при што значаен дел од нив доаѓаат токму од редовите на нашата бизнис заедница.

Овие признанија се јасен показател за квалитетот, иновативноста и лидерството што го носат жените претприемачи од нашата земја и претставуваат силна инспирација за нови успешни приказни.

Ги охрабруваме сите заинтересирани жени претприемачи, компании и организации да аплицираат или дапредложат кандидатки кои со својата работа, резултати и визија придонесуваат за развојот на економијата и општеството. Ова е одлична можност за регионална видливост, вмрежување и дополнително афирмирање на вашиот бизнис.

Веруваме дека и оваа година ќе имаме силно претставување и нови успешни приказни од нашата земја.

За повеќе информации и детали за аплицирање, посетете:

https://www.rcc.int/pages/169/western-balkans-women-entrepreneurs-of-the-year-2022

Ви благодариме за вашата континуирана поддршка и придонес кон развојот на бизнис заедницата.

 

Со почит,

Сојуз на стопански комори на Северна

Македонија

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.