Традиционално и годинава се одржа Кнауф Академијата чија главна цел, иста како и на останатите настани, семинари и обуки организирани од тимот на Кнауф во Македонија во изминативе години е да се унапреди квалитетот на градењето, а следствено на тоа и да се подобратусловите вокои живеат и работат граѓаните на Македонија.
На овогодинешната Кнауф Академија присуствуваа професионалци од оваа сфера од Македонија, ноја посетија и соработници и партнери на Кнауф од земјите во регионот: Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Косово и Грција.
На овој настан учесниците имаа можност низ предавања и интерактивни работилници да се информираат за најактуелните трендови, техники и производи кои излегуваат од гигантот во оваа индустрија – германскиот Кнауф. Се разговараше за имплементирање на нови технологии и трендови базирани врз германски и светски стандарди. Беа демонстрирани новитети од системите за сува градба, малтери, фасади, подови и други решенија од големата палета производи и системи од овој светски бренд во градежништвото.
„ Ми претставува особена чест и задоволство што повторно и во поголем број присуствувате на оваа академија која што е еден вид платформа за комуникација со вас, изведувачи, архитекти, инвеститори, соработници и клиенти. Сакаме несебично да ви го пренесеме целото знаење кое што ние и нашиот тим го имаме стекнато низ овие 100 години поестоење, а јубилејни 25 во Македонија. Стотици инженери постојано работат на нови производи, нови решенија во градежништвото и истите несебично преку оваа платформа ќе ви ги пренесеме вам.’’– изјави Тодор Деловски – Регионалниот директор на Кнауф за Исток – Југозапад.
Академијата е практичен придонес на Кнауф и членките на групацијата Knauf Insulation и Aquapanelза постојана едукација и информирање во врска со најновите достигнувања во современото градежништво. Академијата е веќе институција која несебично придонесува не само за развој во образовните институции (средно и високо образование) поврзани со градежништвото во Македонија, туку и на малите фирми и трговци – поединци преку разни обуки и советувања. За таа цел, освен во Дебар, Кнауф од почетоците основа своја канцеларија и во Скопје чија цел е да помогне во напорите да се подигне нивото и стандардите за градежништвото во Македонија, редовно информирање за трендовите на градежниот бизнис во светот и советување на секој кому му е потребен совет при градењето. Токму ова го диференцира Кнауф од „обичните“ продавачи на градежни материјали.
Оваа година Кнауф одбележува 25 години од своето основање во Македонија која е една од 80-те земји од коишто Кнауф е дел. Денес Кнауф се смета за водечки производител на материјали и системи за градба како во Македонија така и на глобално ниво. Кнауф ги произведува и продава своите производи на 5 континенти во 220 свои фабрики со околу 28.000 вработени. Во текот на своите речиси 100 години постоење Кнауф гледал на своите потрошувачи како на свои партнери. Поддршката и советувањето на сите наши купувачи и партнери има една цел: ако купувачот има идеја за градба или реновирање, Кнауф е тука да ја претвори таа идеја во реалност. А доколку купувачот има предизвик, Кнауф со своето знаење, технологија, искуство и традиција сака да е дел од решението. Компанијата е долгогодишен член на Градежната комора во Сојуз на стопански комори на Македонија.