Почитувани членови,
Во насока на континуирано проследување на нови информации кои се однесуваат на финансиска поддршка во областа на туризмот, Сојуз на стопански комори на Македонија Ве информира дека Министерството за економија објави три јавни повици за финансиска поддршка по повеќе основи.
За таа цел, Ви проследуваме краток преглед на објавените повици:
Јавен повик за поддршка на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развојот на туризмот за 2020 година
- Предмет на поддршка: Доделување средства за покривање на дел од трошоците за организација на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развој на туризмот.
- Право на учество имаат сите активни фондации, стопански комори и здруженија на граѓани формирани со цел развој, поддршка и промоција на туризмот регистрирани најмалку една година во Централниот регистар и со најмалку еден вработен на неопределено работно време.
- Принцип на разгледување: Прв дојден, прв услужен
- Краен рок за аплицирање: 16.03.2020 година
- Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниот линк.
Јавен повик за пријавување на интерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 15.000,00 денари
- Право на учество на овој повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување лоцирани на туристичките центри во РСМ.
- Краен рок за пријавување: 01.03.2020 година
- Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниот линк.
Јавен повик за субвенции за туристички цели на селски домаќинства
- Право на повикот имаат сите физички лица кои вршат угостителска дејност и кои се категоризирани согласно Правилник за начинот и поблиските критериуми за добивање на ознака во селските домаќинства во рурални средини.
- Вкупна вредност на повикот е 2.500.000 денари.
- Краен рок за пријавување: 30 септември 2020 година.
- Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниот линк.
За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..