Дозволите за движење на работници за време на посебен режим ќе важат и за викенд
Во согласност со последните насоки на Владата, од страна на Сојуз на стопански комори на Македонија Ве известуваме дека дозволите кои се издаваат за движење од страна на работодавачите за своите вработени за 3 и 4 смена, согласно досегашната воспоставена пракса, истиот образец, дозвола и начин на издавање ќе важат и за време на забраната и посебниот режим на движење за време на викендите, по 16 часот.
Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи или надлежното одделение за внатрешни работи.
Истовремено Ве известуваме, дека банки и други компании кои може да имаат интервентна потреба во време на полициски час, поврзана со работа на работно место како софтверски, системски и други интервенти потреби, потребно е за ова работодавачот да планира работник /ци на смена, за кој/и ќе издаде дозвола на истиот начин како за работа во смена.
На следниот линк можете да ги превземете: