Информација за потребна документација за аплицирање на Јавен повик за директна финансиска помош по електронски пат

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира за потребната документација за аплицирање на Јавниот повик за директна финансиска помош на трговски друштва и трговци поединци објавен на 23.03.2020 година, како дел од мерките за намалување на штетните ефекти врз економијата од прогласувањето на вонредна состојба и ширењето на Ковид-19. Исто така ги проследуваме и обрасците за поднесување на барања за ослободување од плаќање на месечна аконтација на данок на личен доход и данок на добивка кои ги објави Министерството за финансии.

Во прилог пренесуваме кракот преглед на истите:

Документацијата потребна за аплицирање на првата линија бескаматните кредити како една од мерките за КОВИД-19:

  • Документите коишто ги издава Централниот регистар: тековна состојба, листинг од обработена годишна сметка / завршна сметка за фискалната 2019 година, потврда за стечајна постапка, потврда за ликвидациона постапка,  можат да се извадат по електронски пат, потпишани со дигитален потпис, преку системот за е-потврди.
  • орисниците на Интернет Дистрибутивниот систем овие документи можат да ги извадат преку својот профил.
  • ЗП образецот којшто исто така го издава, Централен регистар  е достапен на овој линк.

Од Управата за јавни приходи е потребно да се извади Уверение за платени даноци и придонеси кое може да се добие преку системот е-Даноци.
 
Јавниот повик за директната финансиска помош е објавен на веб страницата на банката www.mbdp.com.mk, а аплицирањето се прави исклучиво електронски со испраќање на документација на е-мејл адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
 
Целоснатa информација за документација потребна за аплицирање за бескаматните кредити може да ја добиете на овој линк.
 
Министерството за финансии ги објави обрасците за поднесување барање за ослободување од плаќање на месечни аконтации на Данок на личен доход остварен од самостојна дејност и на Данок на добивка.

  • Барање за ослободување од плаќање на месечна аконтација на данок на личен доход  остварен од вршење самостојна работа може да го преземете на овој линк.
  • Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации за данок на добивка на овој линк.

Целосна информација за ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход за доход остварен од вршење на самостојна дејност може да се најде на овој линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here