Информација за саемски манифестации во Полска во 2022 година

0
270

Во насока на создавање на можности за остварување на трговски партнерства, Ваша промоција како и можност за потенцијален пласман на македонски производи на полскиот пазар, Ве покануваме да учествувате на повеќе интернационални саеми од повеќе области во рамки на најголемиот саемски центар во Познањ, Република Полска, а кои ќе се организираат во текот на целата 2022 година.

Саемките манифестации се во организација на компанијата MTP Group која повеќе од 100 години е лидер во организација на саемски манифестации во Полска. За компаниите кои ќе изразат интерес за учество, Амбасадата на РСМ во Република Полска ќе обезбеди организациска и логистичка поддршка во текот на целото времетраење на конкретниот саем.

Програмата со сите предвидени саемски манифестации за 2022 година може да ја погледнете на следниов линк.

Доколку сте заинтересирани да учествувате, Ве молиме да не’ контактирате на телефон: 02/ 3091-440 или на следната е-маил адреса [email protected].