Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на агро-бизнис секторот , Сојузот на стопански комори на Македонија Вe известуваме дека Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 100/20 објави Уредба со законска сила за примена на Закон за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на време на вонредна состојба и Уредба со законска сила за примена на Законот за производи за заштита на растенија за време на вонредна состојба
Во продолжение даваме краток преглед на истите:
Уредба со законска сила за примена на Закон за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на време на вонредна состојба
- Решенијата за евидентирање во Листата на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, издадени врз основа на дозвола издадена од земја членка на Европската унија, чиј рок на важење на дозволата е истечен или истекува за време на траење на вонредната состојба, продолжуваат да важат за време на траење на вонредната состојба како и 90 дена од престанокот на траење на вонредната состојба.
Уредба со законска сила за примена на Законот за производи за заштита на растенија за време на вонредна состојба
- Решенијата за одобрување за пуштање во промет на производите за заштита на растенијата, издадени врз основа на дозвола издадена од земја членка на Европската Унија, чиј рок на важење на дозволата е истечен или истекува за време на траење на вонредната состојба, продолжуваат да важат за време на траење на вонредната состојба, како и 90 дена од престанокот на траење на вонредната состојба.
Целосна содржина на двете уредби со законска сила може да ја погледнете на овој линк.
За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.