Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството , Сојузот на стопански комори на Македонија Вe известуваме дека Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 101/20 го објави Правилник за формата и содржината на годишната даночна пријава за утврдување данок на личен доход, а Управата за јавни приходи на системот „е-Персонален данок“ го објави Барањето за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност.

Во продолжение даваме краток преглед на истите:

Правилник за формата и содржината на годишната даночна пријава за утврдување данок на личен доход

  • Со овој правилник се пропишува формата и содржината на годишната даночна пријава за утврдување данок на личен доход, начинот на доставување на годишната даночна пријава од страна на органот за јавни приходи и начинот на потврдување од страна на обврзникот.
  • Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход се изготвува на образец „ДЛД-ГДП” во А4 формат, на хартија во бела боја.
  • Формата и содржината на годишната даночна пријава  се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник.

Целосната содржина на Правилникот како и пропишаниот образец се достапни на овој линк.

Барањето за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност (образец ДЛД-ОМА).

  • Барањето е поставено на системот „е-Персонален данок“, а пристапот до образецот за потполнување и поднесување можете да го пронајдете во главното мени во Доход од вршење самостојна дејност/Барање за ослободување*
  • Барањето го пополнуваат и поднесуваат обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност, а кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот COVID-19 на Владата на Република Северна Македонија со цел да остварат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.
  • Условите под кои се одобрува правото на ослободување од месечна аконтација на данокот на личен доход се однесува на обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејнoст, а имаат претрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за Коронавирусот COVID-19.

Повеќе информации може да најдете на овој линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.