Министерството за економија објави јавен повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија, преку кофинансирање на 30% од докажаните трошоци направени за набавка на машини, но не повеќеод 200.000 денари по барател. Субванционирани ќе бидат докажаните трошоци за набавка на машини настанати во 2021 и 2022 година.
Согласно Програмата за равој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2022 година, предвидени се средства во скупен износ од 50.000.000 денари. Крајниот рок за аплицирање по повикот е 06.05.2022 година. Јавниот повик може да го превземете од следниов ЛИНК.
Јавен повик за финансиска поддршка објави и Општина Гази Баба и истиот се однесува на финансиска поддршка на микро и мали претпријатија регистрирани како ТП, ДООЕЛ, ДОО, или регистрирани субјекти како занаетчии и семејни земјоделски стопанства од лица со адреса на живеење на територија на Општина Гази Баба или со регистрирано седиште на фирма на територија на Општина Гази Баба, при што одреда предност ќе им се даде на лицата од женски пол. Крајниот рок за аплицирање по повикот е до 31.10.2022 година или до исцпување на средствата предвидени за овој јавен повик. Повикот може да го превземете од следниов ЛИНК.