Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира дека Владата на РСМ донесе уредба со законска сила на Законот за работни односи, Уредба со законска сила за примена на Закон за финансиски друштва во време на вонредна состојба и Уредба со законска сила за примена на Законот за лизинг за време на вонредна состојба, сите објавени во Службен весник бр.90 од 04.04.2020 година.

Во продолжение пренесуваме краток преглед на истите:

Уредба со законска сила за примена на Закон за работни односи

За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор  да се искористи:

  • од 2019 година, до 31 мај 2020 година
  • за 2020 година, годишниот одмор од две непрекинати работни недели, мора да се искористи  до 30 јуни 2020 година

Во двата случаи е потребно одобрение од работодавачот.

Уредба со законска сила за примена на Закон за финансиски друштва во време на вонредна состојба

  • За промена на условите од договорите за кредит склучени со правни лица, финансиските друштва постапуваат согласно член 2 од Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците  („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 80/20).
  • Финансиските друштва можат да ги олеснат условите од договорите за кредит склучени со правни лица заклучно со 31 март 2020 година врз основа на барање од правно лице – корисник на кредит поднесено во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година.
  • Договорите за кредит што ќе се склучат во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година можат по барање на корисниците на кредитите да се склучат со грејс период од три месеци. Во грејс периодот финансиското друштвото може да пресметува само договорна камата.

Уредба со законска сила за примена на Законот за лизинг за време на вонредна состојба

  • За промена на условите од договорите за лизинг склучени со правни лица, давателите на финансиски лизинг постапуваат согласно член 2 од Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 80/20).
  • Давателите на финансиски лизинг можат да ги олеснат условите од договорите за финансиски лизинг склучени со правни лица заклучно со 31 март 2020 година, врз основа на барање од правно лице корисник на финансиски лизинг поднесено во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година.
  • Договорите за финансиски лизинг што ќе се склу чат во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година можат по барање на корисниците на лизинг да се склучат со грејс период од три месеци. Во грејс периодот давателот на финансиски лизинг може да пресметува само договорна камата.

Уредбите во целина може да се погледнат на овој линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.