Развојната банка на РСМ во врска со Јавниот повик бр.1 објавен на ден 25.03.2020 година, за директна финансиска поддршка на трговски друштва и трговец поединец известува дека се проширува листата на дејности од НКД, кои може да аплицираат за кредитната линија, со следните дејности:
- 31 Градски и приградски патнички копнен транспорт
- 39 Друг патнички копнен транспорт, неспомнат на друго место
- 3 Внатрешен патнички воден транспорт
При оценка на поднесените апликации по Јавниот повик бр.1, нема да се применува критериумот за одобрување:
- показателот за тековна ликвидност треба да е најмалку 0,9 а се пресметува како сооднос меѓу тековните средства и краткорочните обврски. Показателот се пресметува на база на биланс на состојба од последната фискална година.
Сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат повеќе информации може да најдат на овој линк. https://www.mbdp.com.mk/mk/kreditiranje/msp#trajni-obrtni-s-va