Информација за донесена Уредба за финансиска поддршка на работодавци за исплата на плати и за акредитација за време на вонредна состојба

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Вe известуваме дека Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 97/20 објави Уредба со законска сила за изменување на уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавци од приватен сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19 заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година и Уредбата за примена на Законот за акредитација за време на вонредна состојба.

Во продолжение даваме краток преглед на истите:

Уредба со законска сила за изменување на уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавци од приватен сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19 заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година (Службен весник бр.97/20)

  • Се дозволува управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да може да ја користат мерката
  • Вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020 година
  • Мерката не може да се користи за вработени кои се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок преку  проектите „Македонија вработува”

Во прилог ја праќаме Уредбата со законска сила за финансиска помош на работодавци од приватен сектор погодени од кризата заради исплата на плати (Службен весник 93/20) како и Уредбата со законска сила за измена на уредбата за финансиска помош на работодавци од приватен сектор погодени од кризата заради исплата на плати (Службен весник 97/20)

Уредбата за примена на Законот за акредитација за време на вонредна состојба

Важноста на сертификатите за акредитација чиј рок е истечен или ќе истече за време на траење на вонредната состојба и на сертификатите за акредитација, чиј рок ќе истече во период од четири месеци по престанокот на траење на  вонредната состојба, се продолжува до завршување на постапката за ре-акредитација од првото наредно оценување.

Телата за оцена на сообразност чиј сертификат за акредитација истекол или ќе истече за време на траење на вонредната состојба сe должни да иницираат постапка за ре-акредитација во рок од 30 дена по престанок на траење на вонредната состојба.

Надзорните над исполнување на барањата за акредитација и постапките за ре-акредитација кои требало или треба да се реализираат за време на траење на вонредната состојба се одложуваат за време на траење на вонредната состојба и ќе се реализираат по престанок на траење на вонредната состојба.

За време на траење на вонредната состојба може да се завршат постапките за акредитација, ре-акредитација и надзорните оценувања чии оценувања се реализирани и со оцена на потребните документите.

Според Уредбата, телата за оцена на сообразност за време на траење на вонредната состојба можат да достават барање и пријава за акредитација и други документи во врска со постапките за акредитација по електронски пат.

Целосна содржина на Уредба со законска сила за примена на Законот за акредитација за време на вонредна состојба може да ја погледнете на овој линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.