Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, а поврзани со актуелната состојба за справување со ширењето на Ковид-19, Сојузот на стопански комори на Македонија, Вe известува дека Управата за јавни приходи го објави образецот Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Врз основа на Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, работодавачите имаат можност за користење на субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

За остварување на правото на субвенционирање, работодавачот поднесува Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСО) до Управата за јавни приходи.

Поднесувањето на Барањето за субвенционирање на износ за исплата на придонеси се врши преку системот е-Даноци.

Упатството за пополнување е составен дел на Барањето за субвенционирање на износ за исплата на придонеси.

Образецот Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување е достапен на овој линк.

Уредба со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба е достапна на овој линк. 

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.