АВРСМ објавува повици за мерките „Практиканство“ и „Субвенционирање на плати“

Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за  2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на  ден 08.07.2020  година, се објавува јавни повици:

1.Мерката 5. Практикантство

Невработените лица до 34 години евидентирани во АВРСМ со минимум завршено основно образование кои немаат работно искуство согласно образованието може да се вклучат во мерката Практикантство за период до 3 (три) месеци кај работодавачите заради стекнување на одредени практични знаења и вештини.

За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно   (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход)  за периодот за кој се извршува практичната обука.

2.Мерката 2.1 Субвенционирање на плати

Со оваа мерка може да бидат опфатени невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, односно:

  • долгорочно невработени лица (евидентирани како невработени лица повеќе од 12 месеци)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • лица корисници на гарантирана минимална помош
  • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жртви на семејно насилство
  • лицасо попреченост
  • жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници
  • лица припадници на ромската етничка заедница
  • лица на кои им е решен статусот со лична документација
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот
  • родители на 3 и повеќе деца
  • родители на деца на улица
  • осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
  • бездомни лица
  • поранешни корисници на дрога
  • лица со незавршено средно или пониско образование

Секој работодавач што ќе вработи невработено лице од гореспоменатите целни групи ќе добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата во износ од 19.000,00 денари, за период од 3, 6 или 12 месеци. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока бруто плата од субвенционираниот износ

Работодавачот е должен да го задржи лицето во вкупен работен  период од:

  • 9 месеци, за 3 месеци субвенционирање;
  • 18  месеци,за 6 месеци субвенционирање;
  • 18 месеци, за 12 месеци субвенционирање (за корисници на гарантирана минимална помош и Роми) и
  • 30 месеци, за да користи 12 месеци субвенционирање.

Јавните повици во целост може да се погледнат на овој ЛИНК

Повеќе информации за овие мерки може да се добие на во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и на FB страната на Агенција за вработување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here