Се ограничува извозот на пченица до 30 април

Се ограничува извозот на пченица до 30 април

Владата донесе Одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица или наполица со тарифните ознаки 1001 19 00 00, 1001 91 90 00 и 1001 99 00 00 и 1101 00.

„Ограничувањето на извозот од член 1 на оваа одлука ќе се применува до 30 април 2020 година, со можност за продолжување доколку состојбата со пандемијата го бара тоа.Оваа одлука е усвоена со цел да не се нарушат состојбите на пазарот во земјата, и да се обезбедат доволни количини на брашно во земјата во услови на зголемена побарувачка на пазарот за овие производи, предизвикана со прогласувањето на пандемијата од СЗО и во услови на ограничен увоз на брашно поради донесената одлука за забрана на извоз на брашно и други производи од Република Србија во времетраење од 30 дена, кое завршува до средината на април 2020“, се вели во соопштението од Владата.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.