Владата услови Одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало. 

Во оваа група спаѓаат леб, сол, шеќер, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови, лична заштитна опрема, средства за лична хигиена и дезинфекциони средства.

“Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале на 11 март 2020 година, кога од страна на Светската Здравствена Организација е прогласена пандемија на Коронавирусот COVID-19 и ќе се применуваат до 30 април 2020 година“, се вели во одлуката на Владата.