Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стоpански комори на Македонија Ве информира дека во рамките на мерките за справување со ширење на новиот вирус Ковид-19 кои ги носи Владата, се утврдени нови Процедури за постапување во синџирот на утовар/растовар и превоз на стока во меѓународниот и внатрешниот превоз и нова Дозвола за влез на превозници.
Мерките за заштита од ширење на заразата со Ковид-19 мора да се спроведува од страна на сите учесници во синџирот на достава на стоки до крајниот корисник.
Дозволата за влез на територијата на РСМ се издава на професионални возачи на товарни возила кои влегуваат на територијата на државата и кои се придржувале кон посебен здравствен и протоколарен режим на влез во државата. Дозволата ја издава Државниот и санитарен инспекторат при Министерството за здравство.
На следните линкови можете да ги превземете целосната содржина на Процедурите за постапување и Дозволата за влез.
За дополнителни информации можете слободно да не контактирате на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на тел: 02/3091-440