Нови можности за соработка, обука и размена на знаење во приватното здравство

Нови можности за соработка, обука и размена на знаење во приватното здравство

Претставници на Комората за интегрирано приватно здравство (КИПЗ) при ССКМ, предводени од заменик-претседателот, д-р спец. Јордан Бабуновски, остварија работна посета на приватната болница ИМЦ Приора во Осијек, Хрватска.
🏥 На средбите со медицинскиот директор на болницата, д-р Томислав Калем и генералната менаџерка, Жељка Аниќ, беа претставени современите технологии и медицинските процедури на болницата, а се разговараше за:
✔️ Обука на наши стручни кадри во ИМЦ Приора
✔️ Трансфер на знаење и размена на искуства
✔️ Современи и иновативни методи и протоколи за работа
📝 Во претстојниот период е предвидено потпишување меморандум за соработка меѓу КИПЗ и ИМЦ Приора.
Благодарност до македонскиот амбасадор во Хрватска, д-р Драган Ѓурчевски, за значајната поддршка во организацијата на средбата.
🌐 Продолжуваме да градиме меѓународни партнерства што отвораат можности за професионален развој и поквалитетни здравствени услуги.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.