
Нови можности за соработка, обука и размена на знаење во приватното здравство
Претставници на Комората за интегрирано приватно здравство (КИПЗ) при ССКМ, предводени од заменик-претседателот, д-р спец. Јордан Бабуновски, остварија работна посета на приватната болница ИМЦ Приора во Осијек, Хрватска.
Благодарност до македонскиот амбасадор во Хрватска, д-р Драган Ѓурчевски, за значајната поддршка во организацијата на средбата.
