Македонското земјоделство заслужува сигурна и одржлива иднина!

Македонското земјоделство заслужува сигурна и одржлива иднина!

Во телевизиско гостување на МТВ во утринскатa емисија, претставникот на Агро комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, Васка Мојсовска, говореше за актуелните предизвици со кои се соочуваат македонските производители на храна.
Во фокусот беа високите производствени трошоци, неизвесниот пласман, климатските промени, недостигот на работна сила и потребата од навремена и соодветна финансиска поддршка.

🌾 Пораката на нашата Комора е јасна: Производителите на храна не бараат привилегии, туку фер услови за работа, сигурен пласман, достоинствени цени и предвидливи земјоделски политики.

Посебен акцент беше ставен и на младите: „Мора да создадеме услови младите да ја
гледаат својата иднина во земјоделството, а не надвор од државата. Потребни се конкретни мерки, пристап до финансии, современи технологии и сигурност дека од сопствениот труд можат достоинствено да живеат“, потенцираше Мојсовска.

🤝 Агро комората и понатаму ќе биде силен глас на производителите на храна, застапувајќи конкретни решенија, поголема институционална поддршка и долгорочна стратегија за развој на домашното земјоделство. Без силни производители на храна нема силно земјоделство, а без млади луѓе во земјоделството нема иднина за македонското село!

Целиот разговор можете да го погледнете на следниот линк: https://lnkd.in/dGS8kwCJ

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.